Силно невреме на албанското крајбрежје, две лица се удавија, 15 се спасени
Од силното невреме што го погоди речиси целото албанско крајбрежје, создавајќи високи бранови во морето, две лица го загубиле животот, а 15 други се спасени благодарение на пожртвуваноста на крајбрежната стража, на која во припомош и пристигнале и прпадниците на специјалната единица за брза интервенција.
Во Драч скутер бил погоден од брановите во Ѓири и Лазрит, при што момче на 33-годшна возраст кое управувало, им подлегнало на повредите во болницата во Драч. Исто така, во Драч го загубила животот и една жена на 50-годишна возраст, која била извлечена од водите и била однесена во болница каде и починала.
Во меѓувреме двајца други туристи, во Велипоја, од кои едно дете, биле спасувани од високите бранови, што се појавиле како последица од невремето.
Албанската гранична полиција спасила 14 лица, од кои девет чешки туристи кои биле блокирани во лагуната Вилун кај Велипоја. На чешките туристи помош им била дадена на лице место, додека петте други туристи кои се од Албанија и Косово, биле префрлени во локалната болнца и се надвор од животна опасност.
Преку соопштение албанската полиција ги повика сите туристи да бидат максимлно внимателни, бидејќи поради невремето брановите во морето се многу високи. Во исто време советува за каква било потреба да се јават на бесплатниот телефонски број 112.
Поради немирното море забранет е и морскиот сообраќај.
Ново на Сител
-
До март најверојатно ќе се реализираат две линеарни зголемувања на пензиите, најави Мицкоски
-
Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, не почнавте добро, престанете да правите сметка без крчмарот
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
-
Изет Меџити ќе биде прв заменик претседател на Владата
-
За септември одложен почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
-
Се заканувал на странска амбасада - Кривична пријава за прилепчанец
-
ЦУК: Заглавена екипа на Брза помош со пациент во лифт
-
До петок нестабилно време со дожд и грмежи, за викендот стабилно и топло