Свет
30. September 2022 - 18:57

Силна осуда од Париз за руската анексија на украински региони

Францускиот претседател Емануел Макрон „силно ја осудува“ анексијата од Русија на четири региони во Украина, нарекувајќи го потегот „нелегален“, соопшти неговиот кабинет.  

„Ова е сериозно кршење на меѓународното право и на суверенитетот на Украина“, соопшти Кабинетот откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави анексијата. Од Кабинетот на Макрон  додаваат дека „Франција се противи на тоа и стои заедно со Украина против руската агресија“.