Силна бура ја погоди Австралија
Десетици илјадници домаќинства и компании останаа без електрична енергија, оштетени згради, а дрвја искоренети во силното невреме што го погоди западниот брег на Австралија веќе втор ден по ред.Засега нема извештаи за повредени.
Џон Брумол, официјален претставник на Одделот за противпожарни и итни случаи на австралиската држава Западна Австралија, рече дека бура од ваков вид се случува еднаш во десет години.
Бурата погоди област од 1.200 километри на западниот брег на Австралија од Карнарвон до Кејп Луин, вклучувајќи го и главниот град на таа австралиска држава Перт, со налети на ветрот од над 90 километри на час во текот на ноќта, изјави првиот човек на Бирото за метеорологија, Нил Бенет.
Брзината на ветерот достигна 132 километри на час на Кејп Луин, што е најсилната брзина забележана во мај уште од 2005 година.
Обилните дождови го погодија крајбрежјето, а дождот и брановите високи осум метри предизвикаа поплави на брегот, рече Бенет. Бурата се движеше по должината на брегот, вклучително и областа околу Перт, но особено го погоди југозападниот дел на државата Западна Австралија. Невремето се смирува попладнево по локално време.
Околу 65.000 домаќинства и фирми останаа без електрична енергија среде невремето, но во меѓувреме, за многумина е воспоставено снабдување, додека 24.000 домаќинства се уште немаат електрична енергија, рече премиерот на Западна Австралија, Марк МекГуан.
Западна Австралија е една од најголемите држави или провинции во светот. Американската држава Алјаска опфаќа помалку од две третини од копнената површина на таа австралиска држава.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228