Силите на сирискиот режим зазедоа град јужно од Алепо
Сириските владини сили го зазедоа денеска градот Ал Хадер, упориште на бунтовниците на југ од Алепо, изјави за западни медиуми воен извор.
Тоа е втора воена победа во изминатите 48 часа на силите на Башар ал Асад јужно од Алепо.
- Сириската армија со поддршка од сојузниците од Хезболах и ирански борци, го зазедоа реонот на Ал Хадер, изјавил изворот.
Сирискиот центар за мониторинг на човекови права потврди дека армијата и нејзини сојузници влегле во Ал Хадер и зазеле големи делови од него.
Борбите против исламистичките бунтовници и џихадистите од Фронтот Ал Нусра продолжуваат, наведуваат од Центарот.
Градот Ал Хадер, кој се наоѓа на 25 километри од Алепо, е најголемо упориште на бунтовничките сили на југ од Алепо, особено од Фронтот Ал Нусра, сириски дел од Ал Каеда.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд