Свет
9. December 2015 - 18:31

Силите на Азербејџан го гранатираа Нагорно Карабах, тврдат бунтовниците

Азербејџан денеска првпат по 20 години го гранатираше Нагорно Карабах при што загинал еден војник, наведуваат бунтовниците.

Околу 1.500 проектили се испукани од тенкови и ракетни фрлачи, се вели во нивното соопштение.

Азербејџанските власти, пак, тврдат дека Ерменија гранатирала населби во Азербејџан.

Ерменија и Азербејџан водеа крвав судир за територијата Нагорно Карабах во 90-те години од минатиот век. Прекин на огнот е договорен во 1994 година, но државите не потпишаа мировен договор.