Фудбал
25. August 2016 - 13:22

Силесен ќе брани за Барселона

Првиот голман на фудбалската репрезентација на Холандија и на Ајакс, Јаспер Силесен, се наоѓа во Барселона каде треба да потпише договор со шпанскиот шампион.
 
Силесен од потпишување на договорот го делат само уште лекарските прегледи, а Ајакс од неговата продажба ќе заработи 14 милиони евра, пренесуваа шпанските медиуми.
 
Холанѓанецот на „Ноу Камп“ на местото на Клаудио Браво кој замина во Манчестер Сити, а за место во стартниот тим конкурент ќе му биде Германецот Марк Андре Тер-Штеген.
 
Силесен кариерата ја започнал во НЕЦ Нејмехен, изминатите пет сезони го бранеше голот на Ајакс.