Силен земјотрес во Индонезија, издадено предупредување за цунами
Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел од индонезискиот остров Суматра, соопшти Индонезиската геофизичка агенција (БМКГ), по што е издадено предупредување за цунами.
Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,9 степени.
Агенцијата побара од тамошните власти веднаш да ги повикаат жителите да се оддалечат од брегот.
По главниот, следеа серија помали земјотреси, од кои некои беа со јачина од 4 степени според податоците на БМКГ.
Земјотресите се вообичаени во Индонезија, која се наоѓа на таканаречениот Огнен прстен на Пацификот, сеизмички активна област каде што се спојуваат плочите на Земјината кора.
На 26 декември 2004 година, земјотрес со магнитуда 9,1 го погоди источниот брег на Суматра, предизвикувајќи цунами во кое загинаа околу 230,000 лица, по што продолжи по должината на бреговите на Шри Ланка, Индија, Малезија, Индонезија и Тајланд.
Ново на Сител
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години