Свет
27. May 2024 - 7:57

Силен земјотрес регистриран на Тонга

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала утрово е регистриран на архипелагот Тонга во јужниот дел на Тихи Океан, соопшти Американскиот геолошки завод.

Земјотресот бил на длабочина од околу 112 километри, на помалку од 200 километри северно од главниот град на Тонга, Нукуалофа. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Пацифичкиот центар за мониторинг на цунами не издаде предупредување.