Свет
4. August 2019 - 15:13

Силен земјотрес регистран во близина на Фукушима

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на североисточниот брег на Јапонија, но не е издадено предупредување за појава на цунами, соопшти Јапонска метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на префектурата Фукушима, на длабочина од 50 киломери.

Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета..

Јапонија е една од сеизмичките најактивни подрачја во светот. Во Јапониај се случуваат 20 проценти од светските земјотреси со интензитет поголем од шест степени.

На 11 март 2011 година земјотрес од девет степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на брегот на Јапонија. Земјотресот предизвика цунами при што беа оштетени три реактори во нуклеарната централа „Фукушима 1“. Во земјотресот и цунамито загинаа 15.844 луѓе, 5.890 беа повредени, 3.451 се сметаат за исчезнати лица во осумнаесет префектури, исто така беа оштетени или уништени над 125.000 згради.