Балкан
9. December 2016 - 15:40

Силен земјотрес го погоди Сплит, предизвика паника и материјална штета

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтерова скала го погоди подрачјето на северозападен Балкан, соопшти Сеизмолошкиот завод. Претходно беше јавено дека земјотресот имал магнитуда од 5,1 степен.

Земјотрес го погоди подрачјето на Јадранското море недалеку од Сплит, а потресот се почувствуал во Макарска, на Хвар, како и во Босна и Херцеговина.

View image on Twitter

 

Според првичните податоци достапни на официјалната страница на Европско - медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот е регистриран на отворено море, осум километри југозападно од Сплит.
Foto: Tviter/Boris Traljić ‏

Движењето на тлото се случи на длабочина од околу 2 километри во 13.57 часот.

На социјалните мрежи пишуваат дека земјата добро се затресе и дека потресот, освен во Сплит, се почувстувал во цела средна Далмација.

-Јако, ама кратко траеше, но добро ме исплаши, рече еден маж за хрватските медиуми.

Жителите на сплитското подрачје масовно се јавуваа на телефонот на Центарот 112, па линиите биле блокирани. Во Центарот засега велат дека немаат информации за евентуалната материјална штета. Многумина напоменаа на социјалните мрежи дека се треселе и кршеле некои работи посебно на повисоките катови.

- Паднаа сите слики од ѕидот и попаѓаа работите од плакарот. Излетавме сите од фирмата, вели една корисничка на Твитер.

 

Слободна Далмација јави дека од бројни згради во Сплит се слушнало кршење на стакло, како и во редакцијата на сплитски Дневник, каде попукале ѕидовите. Дел од станарите излегле од своите станови и деловни простори на плоштадите и улиците во страв од нов потрес.