Македонија
11. July 2017 - 9:56

Силен земјотрес го погоди и Нов Зеланд

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Нов Зеланд.

Засега нема извештаи за евентуални загинати и за причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот бил на 196 километри од Северозападен Оукленд, на длабочина од десет километри.

Засега не е издадено предупредување за цунами.