Свет
9. October 2018 - 12:38

Силен земјотрес ги погоди Курилски Острови

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеривата скала денеска е регистриран на Курилски Острови, соопшти Американскиот геолошки завод.

Земјотресот бил 138 километри јужно од градот Северо-Курилск на длабочина од 42 километри.

При потресот нема повредени лица, не е причинета материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.