Силен удар на новиот бран: Секој трет тест е позитивен
Вкупно 69 лица починале поради последици поврзани со корона вирусот од почетокот на оваа недела заклучно со вчерашниот ден. Само вчера, Министерството за здравство јави за 24 смртни случаи. Третиот, веројатно и најсилен ковид бран зема се поголем залет. Вчера регистрирани 1293 нови случаи што е петта највисока дневна бројка од почетокот на кризата а над 30% од спроведените тестови биле позитивни. Во моментов имаме 12.918 активни случаи што е на нивото од почетокот на ноември кога бевме на средина од есенскиот бран.
Од вчера имаме и нов датум за вакцини, откако премиерот објави дека првата пратка на ковакс од производителот Астра Зенека ќе биде во земјава на 31 март. Во меѓувреме се чекаат и кинеските вакцини. Оптимистичките прогнози на надлежните се дека масовната вакцинација ќе почне на почетокот на април. Во меѓувреме надлежните одредени клиники ги преправаат во ковид центри за да може да се одговори на зголемената потреба за хоспитализации. Според последните бројки 1135 пациенти лежат на ковид одделите а слободни се околу 280 кревети.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот