Фудбал
14. May 2022 - 20:02

Силекс и Победа прволигаши, Воска и Беласица во баражот

Завршија возбудувањата во второлигашката конкуренција во Македонија. Нови прволигаши се шампионите на Западот и Истокот , Силекс и Победа додека бараж за пласман во елитата ќе играат екипите на Воска и Беласица. 
 
Осогово и Кораб ја напуштаат втората лига а во 
новата единствена Втора лига од Западот ќе играат Вардар, Тетекс, Гостивар, Беса и Охрид, од Истокот учество обезбедија Слога Виница, Каменица Саса, Кожув, Детонит јуниор и Пехчево, како и испаднатите од прволигашката конкуренција Пелистер и Борец.
Последните четири патници ќе бидат познати после одигрувањето на прволигашките баражи во кои поразените од мечевите на Воска и Беласица против Тиквеш и Скопје (со ждрепка ќе се решава кој со кого ќе игра), како и два третолигаши ќе ја пополнат единствената лига со 16 тима.
Резултати од последното коло: 
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД  27.коло
Беса – Кадино  7-2
Кораб- Вардар 1-2
Охрид – Тетекс 2-0
Силекс – Воска 1-1
Велешта – Гостивар 1-2
ВТОРА ЛИГА ИСТОК 27.коло
Братство-Осогово  2-4
Детонит Ј. – Саса  2-2
Пехчево – Локомотива 3-0
Кожуф- Беласица 1-3
Слога (В)-Победа 1-2