Сијарто: Унгарија никогаш нема да и испорача оружје на Украина
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Унгарија никогаш нема да и испорача оружје на Украина, нагласувајќи дека колку повеќе оружје ќе биде испорачано, толку подолго ќе трае војната.
Тој во интервју за Си-Ен-Ен додаде дека унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин во октомври за да види дали има простор за мир во тековниот конфликт.
„Она што никогаш не сме го направиле и нема да го направиме е да испорачаме оружје, бидејќи сметаме дека наместо оружје, треба да се донесе мир во овој регион. Колку повеќе оружје се испорача, толку подолго ќе трае војната, толку повеќе луѓе ќе гинат“, рече тој, пренесе ТАСС.
Според него, на територијата на Украина има значајна унгарска заедница.
„Постои постојана мобилизација на етнички Унгарци во украинската армија и многу од нив веќе загинаа“, нагласи Сијарто.
Тој додаде дека треба да се зголемат напорите за да се постигне мир и да се изнуди дипломатско решение.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени