-->
-->
Сигурна победа на Монако против Лориен
-->
Фудбалерите на Монако остварија очекувана победа во дуелот со Лориен на гостински терен, во меч од 21.коло на француската Лига 1.
Натпреварот одигран попладнево беше решен за само четири минути, откако Томас Ламар (53-минута) и донесе предност на гостинската екипа, а Жоао Филипе Мутињо (57) ги постигна конечните 2:0 за Монако. Со освоените три бода Монако се проби на второто место на табелата зад ПСЖ кој има дури 18 повеќе, а пред Анжи кој заостанува два.
Покрај овој натпревар денеска во Лига 1 ќе се играат и средбите, Кан - Олимпик Марсеј и Сент Етијен - Олимпик Лион, со кои ќе биде комплетирано ова коло.
На натпреварите кои беа одиграни вчера и завчера, беа постигнати овие резултати: Ница – Анжи 2:1, Тулуз - Париз Сен Жермен 0:1, Tроа – Рен 2:4, Бастија – Монпеље 1:0, Бордо – Лил 1:0, Гингамп – Нант 2:2 и Ајачо – Ремс 2:2.
Табела: ПСЖ 54 бодови, Монако 36, Анжи 34, Ница 33, Рен 31, Кан 30, Олимпик Лион 29, Сент Етјиен 29, Бордо 29
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп