Кошарка
21. April 2016 - 17:22

Сигал ја одбрани титулата во кошарската БИБЛ лига

 
 
Eкипата на Сигал ја одбрани шампионската титула во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ).
 
Иако составот на Сигал го загуби вториот натпревар од финалето против црногорската екипа Морнар одигран во Бар, сепак на крајот екипата од Приштина се радуваше на вториот трофеј во БИБЛ конкуренцијата.
 
Морнар го доби вториот меч со 75-68 односно 7 поени разлика, но тоа не беше доволно црногорската екипа да ја анулира негативата од првиот меч во кој Сигал забележа победа со 14 поени 82-68. 
 
Со овој меч заокружена е и петата сезона во регионалната кошаркарска БИБЛ лига во која Македонија беше претставена преку екипата на Кожув од гевгелија, тим кој во полуфиналето беше елиминиран од финалистот Морнар.