Фудбал
7. December 2015 - 14:32

Сиетл го освои фудбалското првенство на С.Америка

Екипата на Портланд првпат во клупската историја ја освои шампионската титула во северноамериканската професионална лига (MLS). Во големото финале во Колумбус, Портланд го совлада домаќинот со 2:1.
 
Во финалниот меч беше постигнат најбрзиот гол во историјата на MLS. Портланд стигна до предност по само 27 секунди игра, кога Аргентинецот Диего Валери, ја казни грешката на голманот Стив Кларк.
 
Само шест минути подоцна Портланд ја дуплираше предноста, Родни Валас со глава ја погоди мрежата на Кларк.
 
Домаќинот Колумбус Кру намали во 18. минута, кога Кеи Камара најдобро ја искористи гужвата во шеснаесетникот на Портланд.
 
Портланд на патот до големото финале славеше над Далас со вкупен резултат 5:3, додека Клумбус со 2:1 беше подобар од Њујорк Ред Бул.
 
Портланд првпат играше во големото финале, а Колумбус Кру вторпат учествуваше во завршиниот меч, но не успеа да го повтори успехот од 2008 година кога ја освои титулата.