СИЕР бара повлекување на измените на Законот за минерални суровини
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) бара да се повлечат предлог-измените на Законот за минерални суровини.
Синдикатот во денешното соопштение изразува загриженост за вработените во рудниците бидејќи усвојувањето на законските измени, како што се наведува, претставува сериозна закана за запирање на работењето на рудниците.
- Со сета должна почит за грижата за животната средина, сметаме дека рударството како дејност која сериозно придонесува во вкупниот БДП на државата заслужува барем издржана стручна и научна анлиза на состојбите пред да се предлагаат какви било законски прописи. Ова е прашање за кое не смее да се одлучува без сериозни релевантни анализи и истражувања. Рудниците до овој момент работат според важечки стандарди и според добиени мериторни дозволи за работа, наведува СИЕР.
Оттаму велат дека доколку е потребно да се ограничи употребата на некои супстанци опасни по здравјето на луѓето и на околината, тогаш тоа да се направи по највисоки светски признати норми и стандарди.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски