Си: Кина нема да ги затвори вратите на глобалниот интернет
Кина нема да ги затвори вратите за глобалниот интернет, но кибербсувереноста е клучна во државата за развој на интернетот. Тоа се наведува во обраќање на кинескиот претседател Си Џинпинг до учесниците на Светската конференција за регулирање на интернет отворена денеска во кинескиот град Вужен во источниот дел од државата.
Во обраќањето прочитано од Хуан Кунмин, шеф на Одделот за пропаганда на ЦК на Кинеската компартија, се нагласува дека „киберпространството во Кина се развива со голема брзина и вратите на Кина ќе се отвораат се повеќе и повеќе“.
Кибернетски суверенитет означува дека државата има право да управува и регулира интернет. Минатата година Пекинг заостри регулација во компјутерската мрежа со барање за податоци за клиентите и да цензурираат интрументи со кои корисниците може да пробиваат бариери во мрежата.
Во јуни оваа година во Кина влезе на сила закон кој ги задолжува странските компании во државата да чуваат податоци за локални контакти и да ги доставуваат на контролните органи.
Гугл, Фејсбук и Твитер не се достапни во Кина. И покрај тоа, органзиаторите на конференција ги поканиле шефовите на Епл, Гугл, Алибаба груп, Бајду и Тенсант.
Ново на Сител
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
-
Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра