-->
-->
Си го сменила личниот опис за да избега од долгови- операцијата ја подмладила за 30 години!
-->
59-годишна жена од Кина од централнокинескиот град Вухан го смени својот изглед преку пластична операција за да избегне да ги плати долговите, во вредност од 25 милиони јуани (3,71 милиони долари), информира Ксинхуа.
Полицајците биле зачудени кога ја уапсиле жената, која по судската наредба да ги вратат парите кои ги должела, побегнала во градот Шинчжин, во југоисточниот дел на земјата.
Кога силите на редот ја откриле, таа изгледала како 30-тина годишна жена и доста поразлична отколку на сликите.
Жената признала дека освен тоа користела странски лични карти, за да патува низ земјата со воз. Таа ја финансирала пластичната операција со банкарски картички, земени на заем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари