Свет
27. November 2015 - 21:34

Си-Ен-Ен: Вооружен напад во близина на болница во Колорадо

Непознат маж денеска стрелаше од огнено оружје во близина на една болница во градот Колорадо Спрингс во американската сојузна држава Колорадо, јави Си-Ен-Ен.  

Претставник на локалната полиција соопшти дека засега не се познати деталите околу целиот настан.

- Засега не знаеме точно дали таму има заложници, изјави истиот извор за Си-Ен-Ен.