Свет
23. November 2020 - 9:01

Си-Ен-Ен: Од почетокот на ноември со коронавирус се заразени три милиони Американци

Од почетокот на ноември бројот на инфекции со новиот коронавирус во САД надмина рекордни три милиони лица, соопшти Си-Ен-Ен, повикувајќи се на податоци од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Според универзитетот, само овој месец во САД се потврдени 3.002.082 нови случаи на инфекција со коронавирус. Ова е највисока месечна стапка од март досега. Претходниот врв беше регистриран во јули – 1.921.461 случаи. Во август, септември и октомври со коронаворус беа заразени по повеќе од еден милион Американци.

Во САД досега се регистрирани вкупно над 12,16 милиони случаи на инфекции, посочува Универзитетот од Балтимор, а умрени се 256.347 лица.  САД се рангирани на прво место во светот според двата индикатори.