Свет
5. January 2017 - 13:44

Шведска воведува вооружени стражи околу три свои нуклеарни централи

Портпаролот на шведската нуклеарна централа „Оскарсхамн“, една од трите нуклеарки во земјата, Андерс Остерберг, денеска изјави дека околу нуклеарните централи во Шведска од следниот месец ќе бидат поставени вооружени стражари.

Остерберг наведе дека „зголеменото нивото“ на безбедност се темели на општа безбедносна проценка, а не на конкретна закана.

Тој објасни дека Шведската управа за безбедност од радијација минатата година одлучи стражарите околу нуклеарките од 1 февруари да добијат дозвола за носење огнено оружје.

Како што јави Танјуг, Шведска има вкупно десет нуклеарни реактори во централите „Оскарсхамн“, „Рингхалс“ и „Форсмарк“, што обезбедуваат околу половина од потребите за електрична енергија во оваа земја, а самата нуклеарка „Оскарсхамн“ има три реактора.