Швајцарија: За прекумерно греење и затворски казни
Жителите на Швајцарија кои ќе ги прекршат најновите прописи за заштеда на енергија ќе се соочат со парични, па дури и со затворски казни во времетраење до три години, пишува швајцарскиот весник „Блик“.
Прописите за штедење енергија предвидуваат температурата во зградите што се затоплуваат на гас може да биде максимално 19 степени Целзиусови, а температурата на водата најмногу 60. Забранети се електрични греалки, а забрането е и греење на сауни и базени.
Според портпаролот на сојузното Министерство за финансии, Маркус Спорндли, дневната казна за прекршување на овие прописи е од 30 до три илјади швајцарски франци. Со казни ќе се соочат и комуналните претпријатија што дистрибуираат топлинска енергија доколку ги надминат доделените квоти за потрошувачка на гас На кантоните им е даден рок до 22 септември да ги посочат мерките за спроведување на предвидените прописи.
Ново на Сител
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
-
Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
-
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче
-
Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, ќе се расправа за минималната плата