Шулин: Никој во светот на дипломатијата и политиката не лаже за тоа што се разговарало на средба
Пратеничката во Европскиот парламент од Словенија, Патриција Шулин, вели дека е изненадена што некој во дипломатијата или во политиката може да помисли да лаже за тоа што се разговарало на официјална средба, јави дописникот на МИА од Брисел.
Повод се демантите што со денови пристигнуваат од највисоките политички претставници на државата Израел, а во врска со официјалната посета на претседателот на СДСМ Зоран Заев на оваа држава и неговите средби со претседателот и со министерот за внатрешни работи на Израел, по кои Заев посочи дека се разговарало за внатрешно-политичките случувања во Македонија и за т.н. „бомби”, што неговите соговорници потоа мораа и официјално по писмен пат да го демантираат.
Во изјава за МИА, европратеничката Шулин вели дека никогаш во нејзината богата политичка кариера немала искуство некој нејзин соговорник, по официјалниот состанок да излаже за тоа што точно се разговарало на средбата. Пратеничката во Европарламентот смета дека е под секое ниво такво нешто.
- Кога некој мој соговорник на официјална средба, потоа би рекол невистина за тоа што се разговарало на истата, тогаш јас, како и во случајот на Израелците со Заев, по писмен пат би испратила демант во однос на сите работи, како што тоа дипломатски се прави, децидна е Патриција Шулин во изјава за МИА.
Невистините на опозицискиот лидер во Македонија, кои ги искажа по неговата посета на Израел, што мораше од официјалната израелска држава потоа да бидат демантирани, ги изненадија и високите политички претставници на Европската унија кои не можат да се изначудат на потегот на Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид
-
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
-
Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина
-
Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
-
Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна
-
Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок