Шулц: Велика Британија да го официјализира барањето за излез од ЕУ
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц побара Велика Британија уште во вторник да поднесе молба за излегување од Европска унија по одлуката на Британците за Брегзит.
- Сега очекуваме британската Влада да премине од зборови на дела. Самитот во вторник е соодветен момент за тоа, посочи Шулц за „Билд ам зонтаг“.
И други високи претставници на ЕУ апелираа Велика Британија брзо да ја напушти Унијата за да се избегне период на несигурноста за останатите 27 земји-членки.
Во меѓувреме, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека по одлуката на Британците важно е Унијата да покаже единство во борбата против растечките глобални предизвици.
- Целта, дури и постоењето на нашата Унија се доведени под прашање. Сепак, на нашите граѓани и на светот потребна им е силна ЕУ како никогаш порано, истакна Могерини.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба
-
Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50. милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски