Штрајкот на вработените во „Луфтханза“ се шири
Штрајкот на стјуардите и стјуардесите на германскиот авиопревозник „ Луфтханза“ што започна во петокот во борба за подобри плати и услови за работа, се проширува и за утре е најавен прекин на работата на аеродромите во Франкфурт, Дизелдорф и Минхен, јавуваат германските медиуми.
Утре од 4:30 до 23 часот стјуардите и стјуардесите ќе го прекинат работењето, а тоа ќе значи дека повторно ќе бидат откажани голем број летови и ќе бидат погодени илјадници патници.
На првиот ден од штрајкот беа откажани околу 290 летови, со што беа погодени 37.000 патници, додека вчера беа откажани дури 520 летови, со што беа погодени околу 58.000 патници.
Со штрајкот е погодена само компанијата „Луфтханза“, но не и нејзините ќерки компании „Јуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ или „Брисел Ерлајнс“.
Ново на Сител
-
Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани
-
Пронајден е Андреј од ДНК
-
Татко си ја бара втората ќерка по трагедијата во Кочани, едната ја нашол
-
Панчо од ДНК со изгореници и на кислородна поддршка
-
Сиљановска Давкова: Ова е страшно, никогаш да не се повтори!
-
МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба
-
На 14 до 25 години се загинатите во пожарот во Кочани
-
Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји