Бизнис
8. September 2019 - 9:11

Штрајк на вработените во авиокомпанијата Ер Франс - КЛМ

Вработени во холандскиот авиопревозник КЛМ денеска повторно ќе штрајкуваат со барања за повисоки плати и подобри работни услови, соопшти синдикатот.

Вработените задолжени за ракување со багажот и останати од компанијата што не се во авионите на Ер Франс – КЛМ нема да работат четири часа, почнувајќи од 11 часот по Гринич.

Претходните двочасовни штрајкови предизвикаа десетици одложувања и откажување на летови на амстердамскиот аеродром Схипхол двапати оваа недела.