Здравје
30. August 2017 - 14:26

Што му прави на телото една лименка енергетски пијалок

Здравствените експерти објавија предупредување за учинокот на енергетските напитоци кои се преполни од шеќер, кофеин и различни стимуланси.

Научниците тврдат дека пиењето на само еден енергетски напиток ги изложува дури и младите, здрави лица на зголемен ризик од срцеви болести.

Експертите од една американска група за истражување од клиниката Мејо, им дале на 25 волонтери голема лименка, која е достапна во нормалната продажба, енергетски пијалок, во два различни дена. Тие утврдиле дека со пиењето на стимулативен напиток се предизвикува зголемување на крвниот притисок веќе за половина час. Забележани се и поголеми вредности на хормонот норепинефрин во крвта како и растечко ниво на кофеинот.

Сето тоа неодамна беше презентирано на состанокот кој го организираше Американската асоцијација за здравје на срцето. Норепинефринот е хемиска супстанца која го зголемува притисокот и способноста за срцева контракција, го модулира срцевиот ритам и дишењето како одговор на стрес.

Овие акутни промени можат да предизвикаат срцеви проблеми но и предиспозиција за зголемени кардиоваскуларни ризици. Потребни се уште истражувања за да се установи дали овие акутни промени влијаат на зголемувањето на кардиоваскуларниот ризик.