Што може да се види во шведскиот Музеј на промашени иновации
Во шведскиот град Хелсингборг денеска се отовара Музејот на промашувања, каде на едно место ќе се најдат многу производи кои не го наше патот до пазарот.
Купувачите очигледно не биле воодушевени со зелениот Хајнцовиот кечап, замрзнати лазањи од марката Колгејт, Кока-кола со вкус на кафе.
Поради тоа тие предмети, заедно со многу други, ќе се најдат во Музејот на промашувањата, кој го осмисли кустосот и клинички психолог Самуел Вест.
- Знаеме дека 80 до 90 отсто од иновативните производи не успеваат и никогаш нема да чиете за нив, не можете да ги видите, луѓето не зборуваат за тоа. Ако постои нешто што можеме да направиме, е да извлечеме поука од тие промашувања, рече тој.
Многу предмети во Музејот покажуваат обиди на компаниите да го диверсификуваат својот бренд.
Еден од таквите примери е Харли-Дејвидсон, познат производител на мотори, кој во средината на 90-тите години лансирал тоалетна вода за мажи, која ќе се најде на изложбата на неуспешни производи.
- Фановите ја мразеа. Тие правеа и новогодишни украси, барбики, разни работи со логото на Харли-Дејвидсон и со тоа го тривијализираа тој бренд, рече Вест.
На изложбата ќе се најде и социјалната игра на Доналд Трамп под наслов „Јас се вратив а ти си отпуштен“ од 90-тие години. Во оваа игра, своевидна копија на Монопол, играчите користат големи фигури означени со буквата „Т“ и доларите на Трамп за купување на недвижностите на Трамп.
Ќе бидат презентирани и високо-технолошки производи како очилата на Гугл, кои се, како што велат организаторите, направени пред своето време, што е случај и со уште некои технички иновации. ви/ссм/10:27
Ново на Сител
-
Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија
-
ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици