Македонија
7. јуни 2023 - 19:42

Што ќе произлезе од денешната лидерска средба?

Лидерска средба без епилог, но со добра основа за понатамошна комуникација меѓу власта и опозицијата. Ковачевски и Мицкоски разговаа за уставните измени и на маса ставија свои предлози што се доближуваат во формата на широка коалиција, но со различни услови за уставните измени и кој се да седне во нејзе.

Премиерот Ковачевски дал три предлози. Прво, прифаќање на уставните измени такви какви што се со цел брза iнтеграција. Второ, прифаќање на уставните измени, а по нив избори. И третиот предлог – да се отвори Уставот, па широка коалиција во која би влегла ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа Влада, според Ковачевски, треба да ги доврши уставните измени, да ги отвори преговорите со ЕУ, да затврои едно до две поглавја со Брисел и да ги организира редовните избори.

Мицкоски пак, со свој предлог за Влада за национално обединување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара во име на добрососедските односи и Бугарија да примени барем 3 од 6-те конечни пресуди што во своја корист ги добија македонските здруженија во Бугарија од  Судот во Стразбург.

Ковачеваски пак, не прифаќа Влада без ДУИ и предоговарање на преговарачката рамка.
По средбата и двајцата лидери најгласија дека останува комуникацијата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, макар и на пониско партиско ниво или во парламентот. Не се исклучува и нов лидерски состанок.