Штипското училиште „Ванчо Прке“ годинава ќе го реконструира подот во спортската сала
Завршија градежните работи за реконструкција на покривот на спортската сала во Општинското Основно училиште (ООУ) „Ванчо Прке“-Штип, информираше на денешната прес-конференција директорката Весна Ничева. Таа додава дека овој градежен зафат чини 1.050.000 денари, средства обезбедени од страна на Општина Штип. Ничева најави дека годинава се надева дека повторно со помош на градоначалникот, а од буџетот на Општина Штип ќе биде и реконструиран подот во спортската сала.
- Учениците во ООУ „Ванчо Прке“ второ полугодие ќе го почнат со реконструиран покрив. Претхотно имавме и замена на прозорците во салата, со што добивме современи услови за изведување наставата за околу 1.000 ученици. Исто така со реконструкциите во салата имаме и заштеда за греењето, со што помалку се плаќа за нафта, вели Ничева.
Таа истакна дека минатата година спортски терени добија и учениците во подрачните училишта во селата Селце и Лакавица, каде што учениците веќе ја изведуваат наставата по физичко обарзование.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија