Штипските пензионери протестираа со празни паричници
Штипските пензионери симболично покажувајќи ги празните паричници на денешниот протест порачаа дека уште на првиот ден од земената пензија не им останало ништо за живот. Тие од Градскиот плоштад ,,Слобода" порачаа дека пензиите им се ниски, а сметките многу високи.
-Само рецепти и сметки од лекови имам во новчаникот. Ништо не ми остана! Само 4,500денари за јадење. Јас ја плаќам сметката за вода на син ми, тој е невработен. Неговата сметка, апчињата и од 15.000 кажете ми што ми останува“, велат пензионерите кои денеска протестираа.
Соња Арсова од Иницијативниот одбор на пензионерите во Штип вели дека не отстапуваат од барањата. Линеарно зголемување од 5. 000 денари и минимална пензија 18.000 денари. Таа повика на масовност на протестот кој ќе се одржи на 7 ноември пред неколку странски амбасади.
- Странските амбасадори нека ја видат нашата слика и нашиот живот. Нека раскажат дека пензионерите во Македонија своите права си ги бараат на улица, Арсова.
Во знак на револт, пензионерите маршираа и до подрачната единица на ПИОМ во Штип.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците