-->
-->
Штипските амбуланти полни со пациенти со вирози
-->

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека имаат регистрирано 12 клинички непотврдени случаи со симптоми на грип, биле доставени и два материјали за да се утврди дали станува збор за грип, но резултатите, кои ги добиле покажуваат дека се негативни.
Инаку во Центарот за јавно здравје има вакцини против грип.
За само една недела регистрирани се вкупно 752 случаи на горни респираторни заболувања, од кои 200 се деца на возраст до шест години, потоа 216 на возраст од седум до 19 години, 250 пациенти се на возраст од 20 до 50 и 87 лица се на возраст од над 60 години. Додека за една седмица со долно респираторни заболувања има 215 пациенти.
Епидемиолот Алекасандар Србиновски од Центарот за јавно здравје во Штип забележува дека овие бројки се нормални за овој период од годината. Причината за појавата на визрозите се неадекватната исхрана и хигиената. Се апелира постојано миење на рацете и да нема поголемо собирање во групи, постојано да има провев на просториите во домот, институциите и училиштата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна