Штипскиот градоначалник во посета на збратимениот град Сплит
Соработката меѓу збратимените Сплит и Штип се зајакнува, ова е договорено на средбата на штипскиот и сплитскиот градоначалник, на прославата на патронот на Сплит, „Свети Дуе“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски е во дводневна посета на Сплит, од каде што најави дека веќе е договорена соработка на неколку полиња.
–Веќе остваривме контакти на ниво на кабинети на Штип и Сплит во делот на културата ние имаме фестивал „Макфест“ , а тие го имаат сплитскиот фестивал, во делот на економијата и во делот на искуствата на добивање на европски проекти и поддршка, рече Бочварски.
Сепак, интересот на Штип , не се ограничува само на Сплит. Бочварски посетата ја користи и за средба со други градоначалници, кои се дел од прославата во Сплит.
–Ние како општина сме претставени добро и остваруваме контакти и со други градоначалници од Полска, Чешка и Германија кои се овде и верувам дека после 30 години ова пријателство ќе го надоградуваме, изјави Благој Бочварски градоначалник на Штип.
Општините Сплит и Штип договор за збратимување имаат потпишано во 1980 година.Ова е прв обид после подолг период соработката да се подигне на повисоко ниво.
Ново на Сител
-
Трамп: Не планирам да ја продолжам паузата од 90 дена за воведување на царините
-
Шест пожари за еден ден во кумановско
-
Волстрит џурнал: Руските сили ја преминаа украинската граница и напредуваат кон Суми
-
Од утре забрана за движење во шумите
-
Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран
-
Трамп: Има група многу богати луѓе кои би го купиле ТикТок
-
Нетанјаху: Војната со Иран создаде можност за враќање на заложниците од Газа
-
9-годишно девојче со потекло од Македонија се удавило во река во Италија