Македонија
29. November 2018 - 18:54

Штипската болница обезбеди нов апарат за лабораторијата

Нова центрифуга за испитувања доби лабараторијата на Клиничка болница во Штип.

Јордан Тунев раководител на лабараторија вели дека станува збор за центрифуга, која може да достигне до 15.000 вртежи во минута, или во исто време да се стават во неа најмалку 48 епрувети за анализа.

-Со тоа придобивката е уште поголема, бидејќи ќе опслужиме што е можно повеќе пациенти. Со оваа наша нова центрифуга, која и беше потребна на нашата болница, на овој источен регион, придобивката е огромна за пациентите, бидејќи во исто време, поголем број пациенти ќе бидат опслужени и за кратко време ќе ги добијат своите резултати, вели Тунев.

Директорот на Клиничка болница- Штип, Ален Ѓеорѓијев забележува дека новиот апарат за лабараторијата е набавен од сопствени средства и чини 420.000 денари, а исто така и стариот апарат е поправен, со што пациентите ќе немаат проблеми.

-Со кадар сме екипирани, од вчера веќе имаме двајца нови вработени, имаме дипломиран лаборант и лабароториски техничар, кои ќе се приклучат на тимот во лабараторија. Така што и кадровски и во смисла на апарати, работната единица лабораторија е комплетна, вели Ѓеорѓијев.

Тој потенцираше дека сите реагенси за испитување во лабараторијата ги имаат, а за наредната година веќе планираат да се воведат и нови анализи за испитување. Во  лабараторијата на болницата месечно се прават од 20.000 до 25.000 анализи за пациентите од источниот регион.