Македонија
13. August 2024 - 12:22

Штипјани бараат најстроги затворски казни за пироманите

Штипјани револтирани бараат најстроги затворски казни за пироманите. Сметаат дека сите пожари, кои цел еден месец буквално го пеплосаа источниот регион, се намерно подметнати за остварување на лични цели.Со денови се чувствуваше смрдеа од чад, а воздухот беше исполнет со пепел и дим. Жителите на истокот вдишуваа загаден воздух со токсични честички, што е и прв предуслов за појава на респираторни болести.

- Воздухот ни е загаден, особено сега со пожарите, ептен, изјава штипјанка

 Затоа час поскоро треба да се започне со пошумување на опожарените површини, сметаат анкетираните граѓани, за што нудат и конретни решенија.

- Социјалците што земаат помош, сите невработени, пензионерите кои можат, сите да одат да садат садници, вработените во администрација, сите, сите, во месецот по два дена нека одат на пошумување.

- Треба да се садат дрва, без дрва не бива, ни требаат за огрев, но и за прочистување на воздухот, анкета штипјани

Според проценките на Македонски шуми, само на планината Серта опожарени се 8500 ха, чија обнова може да трае и цела една деценија.