Македонија
11. October 2015 - 14:46

Штипјанец со шипка кршел стакла во влез, нападнал и полицајци

Утрово во 06.45 часот на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин, од страна на полициски службеници пријавено е дека непознато машко лице ги крши стаклата од влезот на зградата.

По пристигнување на место на настанот затекнато е лицето како држи метален предмет во раката.

Истиот покрај предупредувањата на полициските службеници замавнувал кон нив со металниот предмет и фрлал со скршени стакла.

Од страна на полициските службеници испукан е по еден куршум од пиштол во воздух и лицето е приведено, а се работи за З.М.(32) од Штип.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот