Штип се подготвува за можни поплави
Штип се подготвува за излевање на реката Брегалница низ населбите каде што поминува реката Брегалница. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев вели дека на терен се вработените на јавните претпријатија, припадниците на АРМ и пожарникарите. Во населбата „Ново село“ се прават насипи со вреќи наполнети со песок, со цел да се заштитат куќите од можни поплави во текот на вечерните часови и утре, бидејќи се најавуваат нови врнежи од дожд.
Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев, вели дека покрај тоа што се заштитуваат населбите низ градот, каде што поминува реката Брегалница , екипите на комуналното претпријатие ги заштитиле и бунарите од кои градот се снабдува со вода за пиење, бидејќи минатата година поради поплавите на граѓаните им беше забрането да ја користат водата од водоводниот систем.
- Поставивме околу 600 вреќи околу бунарите од кои се црпи водата од реката Брегалница. Меѓутоа со надоаѓањето на поголеми колични на вода, а како што и самите ја следите ќе видиме каква ќе биде состојбата, а како што сами знаете со природата не можеме да се бориме, вели Бојаџиев.
Тој додава дека ако дојде до поплави на бунарите како комунално претпријатие се подготвени да го снабдуваат градот со вода за пиење и со цистерни.
Штипското Јавно претпријатие „Стипион“ е ангажирано за поставување вреќи со насипи и со градежна механизација да интервенира на реката Отиња, доколку дојдат поголеми количини на вода.
Штипските институции и армијата ја заштитуваат и бањата Кежовица од можно поплаување во текот на вечерните часови.
Техничкиот директор на ЈП „Македонија пат“, Кире Коцев вели дека и понатаму за сообраќај е забранет магистралниот пат од виничкото село Истибања до Македонска каменица.
- Одронот од големите карпи и камења го исчистивме од оваа магистрала, но сообраќајот не е пуштен поради безбедносни причини, бидејќи се најавуваат нови врнежи од дожд, вели Коцев.
Се расчистуваат и одроните и свлечиштата и на останатите регионални патни правци во источна Македонија, каде што сообраќајот се одвива засега непречено.
Ново на Сител
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците