Македонија
7. December 2022 - 12:20

Штип почна да руши дивоградби – прва се руши надградбата на општинската секретарка

Дивоизградениот објект на зграда во штипската населба 8-ми Ноември, во сопственост на секретарката на општината, беше урнат по реакција на јавноста и опозицијата. Откако градоначалникот беше јавно прозван, направи увид за да утврди дали се работи на случајот.

  • Покрената ќе биде дисциплинска постапка за секој шпо е инволвиран во овој случај. Селективност нема да има и нема, се додека сум градоначалник, законите во Штип ќе важат подеднакво за сите- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Сепак, во градот постојат и дивоизградени објекти со голем габарит, хотел, стопански објект и куќа за домување изградени на државно земјиште, кои според Јорданов немаат соодветна документација, а не се урнати зашто ги штити централната власт. 

  • Ваков објект требало да се реконструира, но наместо тоа, објектот б00ил целосно срушен, на очиглед на целата јавност, во централното градско подрачје, без дозвола за градба, без платени комуналии е изграден нов објект, кој што е неколку пати поголем, под заштита на СДСМ- изјави Јорданов

Узурпација на државен имот општинскиот комунален инспектор регистрирал и во приградската населба Македонка.

  • Лицето Факит Ферати од Сарај, изградил куќа, хациенда, на територија на општина Штип на државно земјиште, без соодветна дозвола- додаде Јорданов

Без дозвола за градба е изграден и стопански објект во населбата Баби. За сите овие дивоградби е донесено решение да бидат срушени.

  • Второстепена комисија по втор пат ги уважува нивните жалби, односно, ги поништува решенијата на градежниот инспектор од општина Штип- изјави Јорданов

Според Јорданов, во општината има 10-тина вакви објекти, но локалната власт е спречена да го среди урбаниот хаос.