Штип меѓу 10-те најдобри градови во Европа за инвестирање
Според магазинот Фајненшл Тајмс Штип се наоѓа на шестото место како најдобар град во Европа за инвестирање помеѓу десетте избрани градови до 100.000 жители од Југоисточна Европа, а прв е на листата градови во намалени трошоци при инвестирање, објави денеска на прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев.
Средината на февруари е период кога британскиот Фајненшл тајмс ја објавува годишната публикација ЕФ-ДИ АЈ магазин со табелите на рангирани над сто градови од Европа, поделени во десетина економски категории, со најголем и поволен потенцијал во привлекувањето на странскиот капитал. Штип годинава е пред хрватскиот град Јастребарско, Врање во Србија, латвискиот град Јелгана и градот Тарту од Естонија. Додека на листата најдобри градови со прикажани најмали трошоци при инвестицискиот циклус, Штип е лидер пред градовите од Украина, Србија и Латвија.
Захариев потенцира дека признанието доаѓа во период кога позитивните владини политики за привлекување странски инвеститори даваат позитивни резултати.
- Ова признание ќе значи уште поголем интерес кај странските инвеститори за нас, затоа што, верувајте дека, сите понудени плацеви за изградба на производствени капацитети, се продадени. Се надевам дека со изградбата на големите инфраструктурни објекти на Владата, и тоа автопатот Штип – Скопје, експресните патишта до Велес, Радовиш и Кочани, гасификацијата што веќе се завршува, и се она што го направи МЕПСО во делот на квалитетен пренос на електричната енергија од Бугарија, Србија, Грција до Македонија, поточно до овој регион, и Карго аеродромот кога ќе биде готов, со новата Клиничка болница, Штип ќе го добие она значајно место како економски центар во источна Македонија, рече Захариев.
Тој истакна дека Штип ќе добие и неколку индустриски зони. Урбанистите во моментов ги прават деталните урбанистички планови за зоните кај Градските гробишта и на потегот од населбата „Три чешми“ до месноста „Четвртиот километар“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра