Штетите од земјотресот во Турција надминаа 100 милијарди долари
Материјалната штета предизвикана од земјотресот во Турција надминува 100 милијарди долари, покажува прелиминарната пресметка на Светска банка, ОН, Европската унија и Владата во Анкара.
„Еден месец по земјотресот во Турција, во кој загинаа повеќе од 46.000 луѓе, веќе е јасно дека само материјалната штета ќе биде повеќе од 100 милијарди долари“, изјави Луиза Винтон, шефица на Програмата за развој на ОН во Турција.
Таа на видео-конференција на ОН во Женева од Газиантеп, Турција, рече дека „трошоците за реконструкција и сè што оди со подобра и поеколошка реконструкција очигледно ќе ја надмине таа сума“.
„Проценките и натаму се засноваат на прелиминарни податоци, но износот од 100 милијарди долари за штета ќе биде претставен на донаторската конференција за реконструкција на 16 март во Брисел“, рече Винтон.
Таа изрази „разочарување и тага“ поради недостигот на дарежливост од донаторите, укажувајќи дека досега се исполнети само 9,6 отсто од помошта од 1 милијарда долари итно побарана на 16 февруари.
Речиси 46.000 луѓе загинаа, а 105.000 беа повредени во земјотресот во Турција од 6 февруари, со јачина од 7,8 степени и последователниот од 7,6 степени, но билансот сè уште не е целосен.
Во 11 од 81 провинција во Турција, 214.000 згради беа уништени или оштетени, од кои некои беа високи повеќе од 10 ката.
Во тие земјотреси загинаа речиси 6.000 луѓе и во соседна Сирија, каде што исто така материјалната штета е голема.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени