Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
Вкупните штети и економски загуби предизвикани од шумските пожари во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари, соопшти денеска метеоролошката компанија AccuWeather.
Прелиминарните проценки го надминуваат обемот на штетите од сезоната на пожари во 2020 година, изјави главниот метеоролог на компанијата, Џонатан Портер, предупредувајќи дека шумските пожари во областа на Лос Анџелес би можеле да станат најлошите во модерната историја на Калифорнија, јави Ен-Би-Си.
Некои од најскапите недвижнини во САД се наоѓаат на потегот од Малибу до Санта Моника, а многу куќи во таа област вредат po неколку милиони долари. Официјални лица рекоа дека најмалку 12.300 објекти се оштетени или уништени. До неделата, на повеќе од 100.000 луѓе во округот Лос Анџелес им беше наредено да се евакуираат – помалку од претходниот максимум од повеќе од 150.000 – додека други 87.000 се соочија со предупредувања за евакуација.
Доколку се потврдат тие проценки, обемот на штетата ќе ги надмине загубите предизвикани од ураганот Хелена во 2024 година, кои изнесуваат меѓу 225 и 250 милијарди долари, како и оние предизвикани од шумските пожари во Мауи во 2023 година, проценети на меѓу 13 милијарди долари и 16 милијарди долари, според Ен-Би-Си.
Бројот на загинати во пожарите во областа на Лос Анџелес се искачи на 24, а десетици луѓе се водат како исчезнати.
Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Г. Луна, рече дека неговата канцеларија примила „десетици и десетици“ пријави за исчезнати лица, објави Си-Ен-Ен.
Претходно беше соопштено дека во пожарите загинале најмалку 16 лица.
Ново на Сител
-
Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче