Штетата врз имотите од ураганот Ирма би можела да достигне 65 милијарди долари
Штетите од ураганот Ирма во САД се проценува дека се меѓу 42,5 милијарди и 65 милијарди долари, според консултантската компанијата „CoreLogic“, цитирана од онлајн изданието „worldpropertyjournal.com“.
Осигурителните загуби за вкупната штета се проценуваат на околу 13,5 милијарди долари – до 19 милијарди долари, вклучувајќи ги и станбените и деловните особини погодени од ветер и вода.
Загубите од поплавите на станбен имот од страна на ураганот се проценуваат на од 25 до 38 милијарди долари. Ова ги вклучува домовите во државите на Флорида, Алабама, Џорџија, Северна Каролина и Јужна Каролина.
Штетата врз домаќинствата од ветерот се проценува од 11 до 15 милијарди долари.
Осигурената загуба од поплави на комерцијални имоти се проценува од 4 до 8 милијарди долари, а штетите од ветрот – од 2,5 до 4 милијарди долари.
Загубите од поплави од неосигурени домови достигнаа 20-30 милијарди долари, што претставува околу 80% од погодениот станбен имот.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите