Свет
31. August 2016 - 12:48

Штајнмаер: Во наш интерес е Москва да ја вратиме во Г-8

Германскиот министер за надворешни работи Френк-Валтер Штајнмаер предложи денеска да се повика Русија на состанокот на Г-7, закажан за наредната година.

- Судирите во Сирија и Украина се доказ дека во наш интерес е Русија да не се исклучува од соработката со водечките светски економии, изјави германскиот министер во интервју за  германското здружение на издавачи, пренесува Танјуг.

- Доколку во Украина се постигне напредок, како и во разговорите за прекинот на војната во Сирија, членките на  Г-7 би можеле да го земат предвид враќањето на Москва во  Г-8, рече Штајнмаер.

Г-7 е здружение на економските развиени земји: Велика Британија, Германија, Италија, Канда, САД, Франција и Јапонија. Нивна главна цел е изнаоѓање решенија за глобалните политички и социјални проблеми.

Организацијата постоеше како Г-7 од   1976 до 1997 година по што Русија се приклучи во асоцијацијата со што стана Г-8.

Во март   2014 година, организацијата одлучи да се врати во Г-7 формат заради случувањата во Укриана и кризата во односите на Русија и Западот.