Штајнмаер: Примирјето во Сирија би било невозможно без Русија
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека Русија одиграла важна улога во постигнувањето спогодба за примирје во Сирија, со што се обезбеди пристап за хуманитарната помош и почнаа мировните преговори во Женева, јави ТАСС.
- Примирјето, обезбедувањето пристап за хуманитарната помош и почнувањето на мировните преговори во Женева, сето тоа не би било можно да се спроведе без конструктивното учество на Русија. рече Штајнмаер во денешното интервју за „Функе медиа груп“.
Шефот на германската дипломатија нагласува дека е вистина оти Русија има сопствени, сосема различни интереси во Сирија, а тоа е обезбедување заштита на воените бази.
- Ова исто така се однесува и на создавањето на нејзини сфери на влијание. Но, Русија не е заинтересирана за долгорочен хаос и целосно уништување на државните структури на Блискиот Исток, оцени тој.
Ново на Сител
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба
-
Пожарот кај село Николиќ се уште активен, тешко пристапниот терен ја отежнува интервенцијата
-
Во Македонија лани изгореле 95.181 хектари шума - 3,7% од вкупната територија на државата
-
Премиерот добил дојава дека дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи ВРЕДИ уште во првиот круг