„Шпигл“ за српската афера Крушик: Организираниот криминал со поддршка од врвот е вообичаена работа во Србија
Аферата „Крушик“ откриена од свиркачот Александар Обрадовиќ покажува дека корупцијата и организираниот криминал со поддршка од највисоко ниво се вообичаени во Србија и дека земјата-кандидат за ЕУ претставува безбедносен ризик што не треба да се потценува, пишува германскиот неделник „Шпигл“.
Во написот „Еден свиркач ја става српската власт под притисок“, се вели дека она што го откри Обрадовиќ „не звучи спектакуларно на прв поглед, но има политички експлозивна моќ“.
„Државната компанија Крушик, што произведува артилериски гранати, мини и ракети, продавала оружје по многу ниска цена на приватна компанија за трговија со оружје ГИМ од 2017 година. ГИМ тогаш ги продала тие оружја во странство, со голема добивка. Еден од дилерите во тие зделки наводно бил Бранко Стефановиќ, кој работел како правен советник на ГИМ. Преку него, тој има директен однос со владата, бидејќи синот на Стефановиќ, Небојша е сегашен министер за внатрешни работи “, се наведува во текстот.
Написот содржи слика во која се наоѓаат српскиот претседател Александар Вучиќ и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, под кој се вели „Ангажирани во нелегални трговски аранжмани со оружје?“.
„Многу е веројатно дека српските власти, вклучително и претседателот, ги вмешале прстите во нелегални зделки со оружје, но ова може да се докаже во многу мал број случаи. Во случајот со Крушик, тоа е различно. Обрадовиќ скоро целосно ја документираше практиката за корупција. Многумина во Србија го слават како симбол на отпор кон моќната српска ‘државна мафија’ “, пишува германскиот неделник.
„Дури и во времето на диктаторот (Слободан) Милошевиќ, кога Вучиќ беше министер за информации и крајно воинствен, Србија беше една од најголемите центри за нелегално оружје и шверц во Југоисточна Европа. До денес, ништо не се сменило. Затоа, Србија кандидат за членство во ЕУ, претставува безбедносен ризик што не треба да се потценува “, се наведува во текстот.
Ново на Сител
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина
-
Трамп ќе биде првиот актуелен претседател на САД кој ќе присуствува на Супербол
-
Нови земјотреси регистрирани во морскиот дел во близина на грчкиот остров Санторини
-
Во сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“
-
Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина
-
Уставниот суд денеска ќе одлучува за Законот за данок за солидарност