Свет
11. November 2015 - 17:07

Шпанската Влада пред Уставниот суд го оспори отцепувањето на Каталонија

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска соопшти дека неговата Влада поднела барање до Уставниот суд за оспорување на уставноста и поништување одлуката на регионалниот Парламент во Барселона за независност на Каталонија. 

Каталонскиот Парламент во понеделникот донесе одлука за отцепување на оваа автономна покраина од Шпанија и формирање на независна „Република Каталонија“ во рок од 18 месеци. 

Рахој изјави дека иницијативата до Уставниот суд не е само реакција на предлогот кој е одобрен од каталонскиот Парламент, туку дека со неа се „брани целата земја“, додавајќи дека на североисточната покраина нема да и биде дозволено да се отцепи од Шпанија.