-->
-->
Шпанија: Шверцери со дрога спасиле полицајци
-->
Тројца шпански полицајци кои паднале од брод кој се превртел за време на потера биле спасени од шверцерите со дрога кои ги гонеле, соопшти локалната полиција.
До неочекуваното спасување дошло кога полициски чамец тргнал во потера по четворица осомничени шверцери со дрога во близина на јужниот брег на Шпанија.
– За време на потерата двата чамци се судрија, по што полицајците паднале во морето. Полицајци од хеликоптер со мегафон побарале помош од осомничените во глисерот, стои во соопштението.
Спасувањето не им помогнало на шверцерите кои биле уапсени откако полицијата пронашла три тони хашиш во вода во нивна близина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер